Ислаѓаните на претстојните вонредни парламентарни избори, закажани на 28 октомври, покрај искусните политичари ќе можат да гласаат и за земјоделци, поети, оперски пејачи и фудбалер.
Вкупно 682 мажи и 562 жени ќе се натпреваруваат за 63 места во Парламентот.
Владината коалиција меѓу конзервативците и либералите се распадна во септември по секс скандалот. Всушност партијата Светла иднина се повлече од Владата откако таткото на премиерот Бјарни Бенедиктсон потпиша писмо за бришење на криминално досие на осуден педофил.
Тоа ќе бидат втори вонредни парламентарни избори за нешто повеќе од една година. Претходно, вонредни избори беа распишани поради скандалот со Панамските документи.