СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ докажа дека стои зад насилствата од 27 април, не смее да има амнестија

Од:

„Со барањето амнестија за лицата кои на 27 април извршија или беа помагачи на терористичкото загрозување на уставниот поредок и безбедност, ВМРО-ДПМНЕ докажа дека токму тие ги нарачале и стојат зад насилствата на крвавиот четврток кога се случи организиран обид за убиство на пратеници, а загрозена беше и безбедноста на новинари и вработени во Собранието.

Колку и ВМРО-ДПМНЕ да се обидува да ги спаси своите извршители од одговорност за крвавиот четврток, не смее да има амнестија за оние кои учествуваа или помогнаа во обидот да се убијат пратеници.

Во Македонија, како и во секоја демократска земја не може да има амнестија за тешки кривични дела како обид за убиство, терористичко загрозување и дела против државата и уставниот поредок.

Предлог законот за амнестија не предвидува ослободување на лица што сториле кривични дела против државата и кривични дела злосторничко здружување.

Заврши времето на селективна правда. Македонија станува правна држава и секој кој ги прекршил законите, ќе мора да се соочи со правна одговорност за своите постапки“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените