(ВИДЕО) Општина Карпош: Секретарот на општината не поднесе оставка, неговиот мандат заврши

Од:

По повод дезинформациите во некои електронски медиуми, околу наводната оставка на секретарот на општина Карпош, Бојан Милошевски, општината денеска демантира и воедно информира дека со денот на престанување на мандатот на градоначалникот на општината, престанува и мандатот на секретарот.

Во соопштението се додава дека градоначалникот го именува секретарот на општината од редовите на раководните административни структури.

– Според тоа, не станува збор за никаква оставка, ниту пак Законот за административни службеници познава термин „оставка“ туку распоредување на работно место кое претходно го имал секретарот, пред да биде именуван на функцијата секретар на општината, наведува општина Карпош.

Екс градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски во изјавата за медиумите го потврди истото.

Би можело да ве интересира

Затворена кујната во ОУ „Димо Хаџи Димов“ – неколку деца се хоспитализирани

А1он

55-годишен скопјанец е пронајден мртов во својот дом во Карпош

Горан Наумовски

Мицкоски: Јакимовски мора да биде минато во Kарпош, потребна е промена за крај на бетонизацијата

Јакимовски: Субвенција за секој граѓанин кој ќе набави возило на електричен погон

Јакимовски: Карпош не се купува со лаги – се брани со работа, резултати и достоинство

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Лукровски: Целосна дигитализација на услугите за искоренување на корупцијата и почит кон времето и довербата на секој карпошанец