Тајани: Сметката за Брегзит помеѓу 50 и 60 милијарди евра

Од:

Претседателот на Европскиот парламент Антонио Тајани денеска изјави дека сметката на Велика Британија за излез од ЕУ (Брегзит), ќе изнесува помеѓу 50 милијарди евра и 60 милијарди евра.

– Треба да бидеме реални, но британската влада не е реална. Се споменуваше 20 милијарди, што е бесмислено. Сметката ќе биде помеѓу 50 и 60 милијарди евра, а тоа е реално. Неопходно е ја ставиме сметката на маса. Сакаме да ги добиеме парите, токму како и што рече (поранешната британска премиерка Маргарет), Тачер пред 30 или 40 години, вели Тајани.

Претседателот на ЕП го критикуваше „нејасниот став” на британските власти во преговорите со Брисел за Брегзит.

– Сакаме да знаеме што сака Велика Британија. Во тоа е проблемот. Не е јасно, рече Тајани.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он