Институциите во регионот немаат адекватни податоци за младите во ризик

Од:

Ниту една институција во регионот не собира податоци за децата и младите во ризик или тие податоци што ги имаат се неадекватни на состојбата на терен.

Ова беше посочено на меѓународната обука за работа со деца и млади во ризик, поддржана од ЕУ, што во изминативе три дена се одржува во Скопје во организација на Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје заедно со партнерски организации од регионот и од Европа, здружени во Мрежа за зајакнување на деца и млади во ризик (МЗДМР).

Обуката има за цел градење на капацитетите на граѓанските организации и на институциите за работа со деца и млади во ризик, како и промоција на одржливи системски решенија за оваа категорија во Македонија и на Балканот. Наменета е за експерти и практичари од државни институции и граѓански организации од Македонија, Албанија, Србија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина кои се посветени на заштита на правата и обезбедување на услуги за поддршка на деца и млади кои употребуваат дроги, кои се во конфликт со законите, кои доаѓаат од семејства кои употребуваат дроги или се во конфликт со законите, кои живеат на улица, се без родителска грижа, како и деца и млади Роми.

– Минатата година направивме истражување кое покажа дека во сите земји од регионот институциите многу ретко собираат податоци за децата и младите во ризик поради што е невозможно да се следат политиките што се зацртани во националните стратегии и акциските планови што ги носат министерствата и другите надлежни државни институции. Ќе продолжиме да работиме на овие теми и се надеваме дека до крајот на четиригодишниот проект заедно со институциите ќе успееме да изнајдеме некои одржливи решенија, изјави Ивица Цековски од Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје.

Тој посочи дека во Македонија посебен фокус ќе биде ставен за изнаоѓање решенија за децата и младите кои употребуваат дроги.

– НВО ХОПС само во Скопје до крајот на минатата година има исконтактирано 85 деца кои употребуваат дроги и секоја година контактирама околу 30 нови. За ниту едно од нив не е изнајдено решение и не е започнат третман, ниту е обебедена некаква услуга од државата која може да се смета за соодветна и адекватна за болеста на зависност со која живеат, посочи Цековски.

Социјалниот работник во Службата за заштита на деца во Центарот за социјална работа на град Скопје, Тамара Мартиновска посочи дека децата во установата во која работи најчесто се евидентираат по други ризици, а во текот на понатамошната работа се констатира дека користат дрги.

– Во последно време е зголемена бројката на деца кои користат дроги и е намалена возрасната граница на 12 години за децата кои користат дроги и девет години за децата кои дуваат лепак. Немаме конкретни програми за работа со овие деца, но во соработка со ХОПС ги советуваме родителите како да се справат со ситуацијата, а повозрасните деца најчесто ги упатуваме на третмани на Детска психијатрија. Во досегашната работа имаме многу мал успех, бидејќи нама конкретни стандарди и процедури за работа, рече Мартиновска.

Според неа, неопходно е да се направи програма за работа и да се отвори Дневен центар за деца корисници на дрога.

Би можело да ве интересира

Младите Македонци и Црногорци најдоцна се осамостојуваат од своите родители

Горан Наумовски

42,67 отсто од младите во Македонија би ја напуштиле државата

Една четвртина од младите се пречесто на социјалните мрежи, според нив, партиите се најголем извор на неточни информации

A1on

Младите во Македонија го напуштаат домот на своите родители нa 32,1 години

Горан Наумовски

Секое второ 15-годишно девојче во Mакедонија е тажно и се чувствува безнадежно, секое трето е осамено – анализа на СЗО

Половина од младите од 13 до 15 години велат дека знаат делумно да располагаат со парите