ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните со владата на СДС стануваат се посиромашни, државата се позадолжена

Од:

„Животот кој го носи СДС значи укинувања, беда и сиромаштија.

Граѓаните со владата на СДС секој ден стануваат се посиромашни, а државата се позадолжена.

Доказ за тоа е дека и според податоците на Обединетите нации во Република Македонија 450.000 жители живеат во ризик од сиромаштија. Само 10 насто од тие граѓани се вработени, во неформалниот сектор, и живеат со помалку од 6.500 денари месечно.

Неодговорноста на СДС нема граници, ја задолжи државата со околу половина милијадра евра за само 4 ипол месеци. Со задолжените пари владата на СДС не направи ниту една капитална инвестиција, и не им кажа на граѓаните каде ги потроши парите. Но во исто време владата на Зоран Заев крати од плати, субвенции за земјоделците, инфраструктурни проекти и други капитални расходи.

Неодговорната влада на СДС се коцка со судбината на граѓаните. Владата на СДС нема план и желба да ги реши проблемите на граѓаните

Граѓаните од владата на СДС очекуваат да ги исполни дадените ветувања и да отвори нови работни места.

Македонските граѓани не се должни да живеат на работ на сиромаштијата и да го плаќаат луксузниот живот на владата на СДС.

Граѓаните можат да стават крај на ваквиот расипнички однос на СДС. СДС ќе одговора пред идните генерации за уништувањето на нивната иднина“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски