(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Владата го поништи тендерот за изградба на катна гаража во центарот на Охрид

Од:

„СДС наместо да работи за доброто на граѓаните и да креира нови вредности, крати и стопира. Се што знае да работи СДС е блокирање, укинување и уривање.

Владата на СДС го поништи тендерот за изградба на катна гаража во центарот на Охрид, проект со кој требаше да се реши проблемот со паркинг места во Охрид и значително да се растерети сообраќајниот метеж.

Со стопирањето на овој проект СДС свесно дозволува да продолжи сообраќајниот хаос во најголемиот туристички центар во земјава. Возачите ќе бидат приморани да ги паркираат автомобилите по улиците и тротоарите, а со тоа да се ставаат во потенцијална опасност и животот на пешаците.

Ветуваа промени и решавање на проблемот со сообраќајниот хаос, а сега откако се на власт гледаме дека тоа биле само лаги и празни ветувања.

Очигледно е дека за СДС не се важни капиталните проекти кои се од значење за потребите на граѓаните и на странските посетители кои ја посетуваат земјава, туку важен им е личниот профит и профитот на луѓето блиски до Зоран Заев.

Владата на СДС крати од капитални расходи и инвестиции, а се задолжува стотици милиони евра без да објасни каде и за што се трошат парите на граѓаните.

Наместо да го направат Охрид пријатно место за охриѓани и за туристите, СДС уште од првиот ден по локалните избори почнаа да се занимаваат со уништувањето на градот како во времето на Александар Петрески.

Владата на СДС секој ден се повеќе покажува дека не работи ниту за доброто на граѓаните, ниту за доброто на општините во Република Македонија.

СДС покажа дека нема намера да реализира ништо добро за охриѓани и Охрид, а единствениот проект на оваа расипничка влада ќе биде уништувањето на најголемиот туристички центар во Македонија“, изјави Бојан Стојаноски.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Трендафилов призна дека СДСМ и Левица стојат зад протестите на ССМ

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Случајот со планот за насилно преземање на болницата Жан Митрев е доказ за тоа како Филипче и Заев ги користеле државните институции за лични интереси

Стojаноски: Али и Венко додека беа на власт другаруваа правејќи криминални шеми, а сега се здружени против безбедноста и животите на граѓаните

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ