Предводени од Леброн Џејмс, кошаркарите на Кливленд Кавалирс ноќеска го победија Бостон Селтикс со 102:99 во првиот дуел од новата сезона на НБА лигата.
Само една асистенција му недостигаше на Џејмс за трипл-дабл. Тој натпреварот го заврши со 19 поени, 16 скока и 9 асистенции.
Во поразениот тим се истакнаа Џејлен Браун со 25 поени и Кајри Ирвинг кој дебитираше за Бостон со 22 поени и 10 скока. Сепак Ирвинг кој во Селтикс дојде токму од Кавалирс го промаши последниот шут за израмнување и продолжение.
Натпреварот го одбележа и тешката повреда на Гордон Хејворд кој во почетните минути доживеа прелом на левиот скочен зглоб.
Неизвесен до самиот крај беше и вториот натпревар одигран ноќеска на кој Хјустон го победи шампионот Голден Стејт со 122:121. Џејмс Харден во последните секунди не погоди шут за три поени и со тоа не успеа да спречи пораз за „воините“.