Израелската Влада нема да преговара со идната палестинска Влада на националното единство со учество на Хамас, се додека исламистичката група не се разоружа, не се откаже од насилството и не го признае Израел, се наведува во соопштението објавено седаницата на израелскиот Кабинет во ограничен состав, каде се разгледуваше прашањето за безбедноста.
Во соопштението се посочува дека се исклучени контактите со палестинска Влада, доколку Хамас не ги прекине врските со Иран, не бидат вратени телесните останки на израелските војници кои загинаа за време на војната во 2014 година во Појасот Газа, и не бидат ослободени израелските заробеници.
Претходно месецов, партијата Фатах на палестинскиот претседател Махмуд Абас и движењето Хамас, со посредништво на Египет, потпишаа прелиминарен договор за помирување.
Претставниците на двете палестински фракции во Каиро ги продолжуваат преговорите за склучување на конечен договор.