Македонија на меѓународниoт бизнис саем WESTM и турситичка призма во Белград

Од:

Македонија со хотелски и угостителски капацитети се претстави на деловниот саем специјализиран за конгресен, зимски и спа туризам на Југоисточна Европа во Белград WESTM-Туристичка призма.

Меѓу присутните 100 хотели, ресторани, туристички организации, бањи, конгресни центри и организатори на зимски и спа туризам од 15 земји се претставија и хотелите „Климентица“ и „Маива“ од Охрид, како и туристичките капацитети на Елем Турс на Шар Планина, Маврово, Пелистер на Охридското и Дојранското Езеро.

Меѓународната награда Туристичка призма – За нов квалитет во туризмот која ја доделува меѓународно новинарско жири од држави во регионот, годинава ја добија хотелите Шератон од Дубровник, Холидеј Ин од Сараево, Олимп на Златибор, Луковска Бања од Србија и термите Виват во Моравске Топлице од Словенија .

Досегашни добитници на оваа престижна награда, која се доделува 20 години, од Македонија ја имаат добиено хотелите-Гарденија од Велес, Русија и Сенигалија од Скопје, Изгрев од Струга, етно ресторанот Стара градска куќа од Скопје и др.

Целта на саемот во Белград е воспоставување подобра соработка меѓу туристичките стопанства на земјите од ЈИЕ, како и на компаниите во Европа заинтересирани за регионот.

Би можело да ве интересира

Бизнис заедницата бара повлекување и запирање на предлог Законот за данок на солидарност

Потпретседател на ССК проф. д-р Симов: ИКТ секторот, туризмот и агро бизнисот главни сектори за соработка со Бугарија

Ана Ололовска

Економијата на САД во март отворила 431.000 работни места, добар знак за Администрацијата на Бајден

А1он

Ќе се подобрува бизнис климата за развој на женското претприемништво

Ана Ололовска

Инфософт групацијата прослави 30 години постоење!

Ана Ололовска

Избрани најдобрите „зелени бизнис идеи“ за годинава

Жарко Настоски