Џафери: Укинувањето на визите за Мексико ќе ги продлабочи односите меѓу двете земји

Од:

Укинувањето на визниот режим за Мексико би било од особено значење за продлабочување на односите меѓу двете земји со оглед дека Македонија ги укина визите за мексиканските граѓани, а комуникацијата може дополнително да се олесни и со назначување почесен конзул на Мексико во Македонија, истакна претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери на билатералната средба со претседателот на Сенатот на Мексико Ернесто Кордеро Аројо на маргините на 137. Собрание на Интерпарламентарната унија (ИПУ) во Санкт Петербург.

Аројо се согласи дека билатералните односи и соработката меѓу Република Македонија и Мексико бележат позитивен развој, но и дека има доволно простор за нивно натамошно продлабочување.

Тој воедно го покани Џафери да дојде во официјална посета на Мексико.

Двајцата соговорници, како што соопшти Кабинетот на Џафери, изразија задоволство од оваа прва официјална средба меѓу претседатели на двата парламента и од можноста за размена на мислења за продлабочување на соработката.

Претседателот на Собранието на РМ констатира дека и покрај големата географска оддалеченост, постои можност за зацврстување на меѓупарламентарната соработка на мултилатерално ниво во рамки на Интерпарламентарната унија, како и на билатерално ниво. Информира дека е веќе формирана Пратеничка група за соработка со парламентите на земјите од Латинска Америка и Карибите.

Истовремено нагласи дека Делегацијата на Собранието на Република Македонија ќе ја поддржи кандидатурата на сенаторката Куевас Барон за претседател на ИПУ, со оглед на нејзината биографија и богатото меѓународно искуство, како во рамките на Интерпарламентарната унија така и во другите меѓупарламентарни собранија.

За Мексико е од голема важност Куевас Барон, која присуствуваше на средбата, да биде избрана за претседател на Интерпарламентарната унија. Како што подвлече Аројо, сенаторката ја има поддршката на двата дома на Конгресот и на Владата на Мексико.

Куевас Барон потенцира дека како претседател на Комисијата за надворешни односи во Мексиканскиот сенат ќе се заложи за интензивирање на соработката меѓу двата парламента и за укинување на визите за влез во Мексико за граѓаните на Република Македонија.

На крајот на средбата, претседателите на парламентите се согласија дека со промовирање на парламентарната дипломатија, ќе се отвори можност за продлабочување на билатералните односи меѓу Република Македонија и Мексико, како на парламентарен план, така и во сите области.

Би можело да ве интересира

Жестока дебата меѓу власта и опозицијата во Собранието за измените на Законот во основното образование

Собранието ги донесе законите за судска и јавнообвинителска служба

Стоименов од АПИС: Предлог законот за игри на среќа содржи уставно спорни и дискриминаторски одредби

Предраг Петровиќ

Собранието ја констатира оставката на вицепремиерот Арбен Фетаи

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он