Министерката за одбрана Радмила Шекеринска престојува во дводневна работна посета на Кралството Шведска.
Како што соопшти Министерството за одбрана, во рамките на посетата Шекеринска ќе се сретне со шведскиот министер за одбрана Петер Хултквист и со шведската министерка за европски прашања и за трговија, Ан Линде.
Шекеринска ќе има средби и со пратеници во шведскиот Парламент и ќе говори на трибина во организација на непрофитната АБФ, на тема „Новата политичка ситуација во Македонија – патот напред!“.
На крајот од посетата министерката Шекеринска ќе има средба и со претставници на шведските медиуми.