Ограбени гостиварци во ТЦ Лептокарија во Скопје

Од:

Три непознати лица извршиле разбојништво врз две момчиња од гостиварското село Галате на паркинг просторот кај Трговски центар-Лептокарија, соопшти МВР.

Разбојништвото ноќеска 10 минути по полноќ во СВР-Скопје го пријавил Б.С. (20) од с.Галате-гостиварско. Тој во полицијата пријавил дека вчера околу 23:25 часот на бул. „Партизански Одреди“, на паркинг просторот кај Трговски центар-Лептокарија, додека бил со неговиот другар Т.Б. (20) од с.Галате од три непознати лица им било извршено разбојништво.

Откако лицата им се доближиле, им побарале пари заканувајќи им се дека физички ќе ги нападнат. Тогаш оштетените од паричниците извадиле и им дале 2.000 денари, по што лицата веднаш го напуштиле местото на настанот.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Крадец со скалпел во рака се закануваше дека ќе го повреди мажот кој го ограби

Македонец и Србин ограбиле продавници во Подгорица, имале добро разработена тактика: Пронајдени се и сомнителни документи

Горан Наумовски

Четворица струмичани од камион украдоа 160 вреќи компир

Горан Наумовски

Лувр е повторно отворен

Крадел од пациенти на Онкологија, Обвинителството поведе постапка

Скопјанец украл кредитна картичка од познаничка и подигнал 1.700 евра