Во Струмица изложба за Мери Метјус и Американското училиште за девојки во Битола

Од:

Заводот и музеј во Струмица вечерва во 18 часот ќе ја отвори изложбата „Мери Л. Метјус и Американското училиште за девојки во Битола 1888-1920“, што ја организира Пеги Хенсон, внука на Мери Метјус.

Изложбата содржи историски документи и фотографии, сопственост на нејзината фамилија. Тие се хронолошки приказ на животот на Мери Метјус, како мисионерка во Американското училиште за девојки во Битола, каде што се школувале голем број девојки од Струмица и од струмичко.

– Преку нејзините дневници, писма и фотографии, Мери Метјус ги прикажува од прва рака, настаните во и околу Битола за време на нејзиниот триесет и двегодишен престој во градот. Таа била сведок на последните години на Отоманското владеење, Младотурската револуција, Балканските војни и Првата светска војна. За време на овој период, Американското училиште за девојки било институција која непрекинато работела во Битола. Тука се одржувале часови по англиски и македонски јазик на девојки од различно етничко потекло, меѓу нив и многу девојки од Струмица и струмичко, информира Заводот и Музеј Битола.

Мери Метјус на неколку наврати престојувала во Струмица и струмичкиот регион, за да ги посети нејзините поранешни студентки и да запише нови.

Изложбата ќе биде поставена до 25 октомври и посетителите ќе имаат можност да видат голем број фотографии и документи, благодарение на колеџот „Маут Холиоке“ од Јужен Хедли, Месачусетс САД.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски