Триесет и петгодишен маж од прилепското село Дреновци загина, а неговиот брат се здобил со тешки телесни повреди откако им се превртел тракторот со кој се движеле по планински терен, соопшти МВР.
Несреќата се случила вчера околу 7:30 часот во атар на село Дреновци, кога Р.Б. (35) од ова село, управувајќи трактор на планински терен се превртел, по што починал на самото место, а неговиот брат П.Б. (27), кој исто така се превезувал на тракторот се здобил со тешки телесни повреди, односно фрактура на десна нога и подколеница.
Како што е наведено во полицискиот билтен, братот на починатиот се јавил кај соселани да побара помош, кои по пристигнувањето го извадиле телото на починатиот кое било пригмечено под тракторот и со приколка го пренеле телото на место викано „Скапец“, каде од страна на медицинско лице била констатирана смрт.
Увидна екипа од Полициската станица Прилеп излегла на местото на настанот и извршила увид.