САМИТ 100: Меморандум за деловна соработка и унапредување на конкурентноста во Западен Балкан

Од:

Регионалната платформа САМИТ100 и Коморскиот инвестициски форум на шест земји од Западен Балкан (WB6 CIF) со Меморандум за соработка се обврзаа да ги обединат силите од приватниот сектор и силните регионални компании да работат заедно на спроведување на договорените проекти од Берлинската иницијатива.

Меморандумот го потпишаа претседателот на Управниот одбор на САМИТ100, Живко Мукаетов, и претседателот на Стопанската комора на Србија, Марко Чадеж, во рамки на 6. годишен бизнис САМИТ100, што се одржува од вчера во Скопје.

Форумот е тело за регионална соработка на коморите од Македонија, Србија, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина и Црна Гора и e формиран на маргините на Самитот во Трст за Западен Балкан.

– Годинава во Скопје, регионалната соработка на Самит 100 е официјализирана преку потпишување на Меморандум за меѓусебно разбирање и соработка на нашата платформа со Коморскиот инвестициски форум на Западен Балкан 6. Меморандумот се однесува на поттикнување на деловната соработка и унапредување на конкурентноста на регионалната и националните економии, рече Мукаетов.

Чадеж се осврна на темите што се дискутираат на самитот и потребата од продлабочување на поврзаноста во регионот преку соработка на теми како побрза трговија со стоки и услуги, транспорт, енергија и брендирање на потеклото.

– Сакаме да помогнеме во остварување на тие задачи придонесувајќи во отстранување на царинските бариери, синхронизирање на документацијата, но и синхронизирање и на останатите процедури. Наша задача е да ја задржиме оваа тема високо на агендата и мислам дека таквата подготвеност сега постои, но не смееме да се опуштиме. Ова е прашање на опстанокот на нашиот регион, наведе Чадеж.

САМИТ100 на Бизнис лидери од ЈИЕ претставува уникатна бизнис иницијатива која на едно место ги собира најеминентните бизнис лидери од Словенија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија, Косово и Албанија.

Би можело да ве интересира

Бизнис заедницата бара повлекување и запирање на предлог Законот за данок на солидарност

Потпретседател на ССК проф. д-р Симов: ИКТ секторот, туризмот и агро бизнисот главни сектори за соработка со Бугарија

Ана Ололовска

Економијата на САД во март отворила 431.000 работни места, добар знак за Администрацијата на Бајден

А1он

Ќе се подобрува бизнис климата за развој на женското претприемништво

Ана Ололовска

Инфософт групацијата прослави 30 години постоење!

Ана Ололовска

Избрани најдобрите „зелени бизнис идеи“ за годинава

Жарко Настоски