Милитанти нападна црква и ограбија банка во Египет, при што загинаа седум лица

Од:

Околу десетина милитанти денеска ограбија банката во Египет, при што се судрија со безбедносните сили што ја чувале црквата, при што загинаа седум лица. Тројца од загинатите се цивили.

Милитантите со возила дошле во центарот на Ел-Ариш и се поделиле во две групи. Една од групите испукала проектил кон чуварите на црквата, која е напуштена по бранот насилства против христијаните во Синај.

Според полициските информации, нападот требало да го одвлече вниманието од грабежот на банката, каде што другата група ги ликвидирала чуварите и го испразнила сефот на локалната банка. Безбедносните сили не дале силен отпор на милитантите, пишуваат египетските медиуми.

Меѓу загинатите има е едно дете, а 15 лица се повредени. Еден вработен во банката е киднапиран.

На излезот, напаѓачите поставиле експлозивни направи во банката. Египетската новинска агенција МЕНА ја потврди смртта на тројца полицајци во нападот.

Според очевиците пукањето траело речиси два часа пред напаѓачите да го напушти градот.

Би можело да ве интересира

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро

Египет бара формирање независна држава Палестина

Ирак испраќа танкер со гориво во Египет за да и помогне на Газа

Горан Наумовски