Расте бројот на жртвите во нападот во Могадишу

Од:

Директорот на службата за Брза помош на Могадишу соопшти дека во саботниот напад со камион бомба загинале повеќе од 300 лица.

Доктор Абдулкадир Адам изјави дека во изминатите неколку часа, повеќе луѓе им подлегнале на повредите.

Тој исто така соопшти дека меѓу жртвите има и 15 ученици од основно училиште кои загинале кога автобусот во кој се наоѓале, поминувал во близина на камионот во моментот кога експлодирал.

Ова е најсмртоносниот напад во историјата на Сомалија и се очекува бројот на жртвите да се зголеми.

Министерот Осман нападот го оквалификува како „варварски“.

Сомалиската Влада за нападот ја обвини екстремистичката група Ал Шабаб, која се уште не се огласи.

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш го осуди нападот и преку Твитер повика на „единство во соочувањето со тероризмот“.

Американскиот Стејт департмент нападот го нарече „безумен и кукавички“, притоа порачувајќи дека ја поддржува Сомалија во нејзината борба против екстремизмот.

Министерот за надворешни работи на Катар, Мохамед бин Абдулрахман Ал Тани изјави дека во бомбашкиот напад е погодена и дипломатската мисија на неговата земја во Сомалија.

Тани утрово на Твитер напиша дека „Катар поради нападот врз дипломатската мисија во Могадишу нема да отстапи од поддршката на демократијата, безбедноста и стабилноста на Сомалија, напиша Тани на Твитер.

Тој не соопшти детали, ниту, пак, се знае дали меѓу жртвите има државјани на Катар.

Би можело да ве интересира

Вооружени мажи киднапираа брод кај Сомалија, судбината на екипажот е непозната

Двајца американски морнари исчезнаа во близина на брегот на Сомалија

Насилство и вооружени конфликти во Сомалија, најмалку 36 мртви

Деца во Сомалија играле со граната што експлодирала, над 25 мртви

Ана Ололовска

Ал Шабаб првпат побара преговори со сомалиската Влада

Ана Ололовска

Американската армија убила шест милитанти на Ал Шабаб во Сомалија