(ВИДЕО) Георгиев: Срамно, наредбодавците на режимското насилство се обидуваат да ја сокријат вистината

Од:

СДСМ реагира на соопштението на МВР и изјавата на Гордана Јанкуловска за начинот на кој новинарите беа остранети од собраниска галерија на таканаречениот “црн понеделник“, пред 10 дена.

„Срамно и недолично, но и очекувано, е што сите наредбодавци на режимското насилство во Собранието се обидуваат да ја сокријат вистината. За инцидентот со медиумите, прво Груевски во својот познат стил побрза да се прогласи за ненадлежен и по обичај ја префрли одговорноста на друга адреса.

– Трајко Вељаноски глумеше наивност, обидувајќи се своите наредби да ги престави како проценка на собраниското обезбедување. Потоа, Гордана Јанкуловска со новогодишно соопштение сака да ја убеди јавноста дека снимките со исфрлувањето на новинарите се некаква фатаморгана“, рече Гордан Георгиев, потпретседател на СДСМ.

Ова, вели, е потценување на јавноста, никој ништо не видел, насилство демек немало, никој не е одговорен.

„По оваа логика на режимските функционери, излегува дека полициските службеници спонтано добија инспирација да употребат сила во Собранието, брутално да не малтретираат и исфрлат надвор од салата.

– Има ли во државата некој кој ќе превземе одговорност за партиско полицискиот пуч? Ваквиот пристап на најповиканите, да ги туркаат проблемите под тепих, само ја поткрепува констатацијата дека Македонија не е демократска држава. Самиот факт што Груевски со своите најблиски соработници ја кријат вистината, е најдобра потврда дека тие од овие методи на диктатура немаат намера да се откажат.

– Затоа, да нема никој дилема, ние продолжуваме со нашите активности за враќање на демократијата кај граѓаните.Од денес, во повеќето градови низ Македонија ќе одржиме отворени седници на граѓанскиот парламент каде ќе се зборува за вистината“, рече Георгиев.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Митрески: Досега се нема случено во историјата на Собранието, ниту еден амандман да не е прифатен

(ВИДЕО) Тренчевска: ДПМНЕ одби амандман на СДСМ за изградба на пречистителна станица за отпадни води

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски повторно демонстрира лицемерие и паника по консолидацијата на СДСМ

Мицкоски „не е импресиониран“ од новото раководство на СДСМ

Каранфилова-Пановска: Убедена сум дека ќе го вратиме угледот, поддршката и победите на СДСМ

Конгресот го избра новиот состав на Централниот одбор на СДСМ

А1он