Ураганот Офелија ослабна во посттропски циклон, но се уште се заканува со силни ветрови во Велика Британија и Ирска, соопшти Националниот центар за урагани на САД.
Максималните ветрови се со брзина од 140 километри на час.
Повеќето траектни линии помеѓу Ирска и Велика Британија се прекинати, училиштата во Ирска се затворени до следно известување за отворање, а патниците се предупредуваат да очекуваат откажување и одложување на летовите.
Силни ветрови можат да ги погодат и Северна Ирска, Шкотска, Велс и Англија.