САД ги повика Ирак и Курдите да не дозволат ескалација на тензиите во Киркук

Од:

Пентагон ги повика Ирак и ирачките Курди „да избегнуваат ескалирачки активности“ и да започнат дијалог за решавање на нивните несогласувања.

– Ние се спротивставуваме на насилството на секоја од земјите и ги повикуваме да не прибегнуваат кон дестабилизирачки активности кои ќе ги одвратат од акциите против Исламската држава и уште повеќе ќе ја поткопаат стабилноста во Ирак, изјави портпаролката на Пентагон Лора Сил.

Нејзината изјава е одговор на информациите на ирачката државна телевизија дека армијата на Ирак воспоставила контрола над делови на Киркук, без отпор на страна на курдските сили „пешмерга“.

– Ние продолжуваме да го поддржуваме единствен Ирак. Дијалогот останува најдобрата опција за сузбивање на тензиите и за решавање на несогласувањата согласно ирачкиот Устав, рече Сил.

Портпаролката на Пентагон ги повика сите играчи во регионот да се фокусираат на заедничката закана – Исламската држава.

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија