Пет лица го загубија животот во пожарот на една зграда во Женевилие (париски регион) и осумнаесет се повредени, јавува дописникот на МИА од Париз.
Сите пет лица, меѓу кои и едно дете се наоѓале во ист стан на петтиот спрат од зградата.
Во гаснењето на пожарот беа вклучени стотина пожарникари и тие успеаа да го згаснат околу 6 часот изутрината.
Пожарот започнал во станот на 4 спрат во една зграда која била добро одржувана според пожарникарите, пред да се прошири на петтиот спрат. Жителите на зградата кои биле на шестиот кат биле евакуирани со скала од пожарникарите и меѓу спасените имало и бебе кое било полесно повредено.