Мнозинствтото од Французите жалат за франкот

Од:

Единаесет години по воведувањето на еврото, 62 отсто од испитаните Французи жалат за францускиот франк, јавува дописникот ма МИА од Париз.

Многу повеќе за франкот жалат Французинките, 70 проценти од испитаните, додека кај Французите жалат 54 отсто.

Според Жером Фуке од институтот Ифоп, кој ја изработи оваа анкета на јавното мислење, испитувањето покажа дека наспроти најавите при воведувањето на еврото, сеќавањата за франкот не само што останаа, туку се засилија и критиките кон еврото за време на тешката економска и финансиска криза.

Во 2002 година, носталгичарите за франкот беа само 39 отсто од испитаните, во јуни истата година нивниот број изнесуваше 48 проценти и во 2005 година достигна 61 отсто. Највисоката точка носталгијата за франкот достигна во 2010 година кога за него жалеа 61 отсто од испитаите, додека кај службениците и работниците носталгични за француската монета беа 77 проценти од испитаните и само 41 отсто кај високите кадри и либералните професии.

Би можело да ве интересира

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

(ВИДЕО) Заврши заложничката криза во Париз: Заложниците ослободени, киднаперот уапсен

Горан Наумовски

Заложничка криза во близина на Париз, маж заробил луѓе во ресторан: Голем број полицајци на улица

Мајка убила три деца затоа што сакала да му се одмазди на својот партнер

Трагедија во Франција: Мајка е осомничена дека избоде три деца до смрт