Најмалку 189 загинати во самоубиствен бомбашки напад во Сомалија

Од:

Најмалку 189 лица загинаа, а над 200 се повредени во најголемиот самоубиствен бомбашки напад во центарот на главниот град на Сомалија, Могадишу, соопштија полициски и болнички извори.

– Тоа беше камион-бомба. Експлодира на крстосницата К5, изјави полицискиот началник Мухамед Хусеин, кој потврди дека голем број од повредените им подлегнале на повредите в болница.

Лекарите прават напори да им помогнат на стотици повредени, од кои многумина се наоѓаат во критична состојба.

Според очевидци поголемиот број од жртвите се цивили. При експлозијата биле уништени десетици автобуси на јавниот превоз и околу 100 автомобили. Причинета била огромна штета и на околните згради. Градоначалникот на Могадишу, Саабид Абди, кој го посети местото на нападот, побарал да бидат ангажирани повеќе булдожери кои ќе ги вадат жртвите под урнатините.

Претседателеот на Сомалија, Мохамед Абдулах им се придружи на илјадниците луѓе, кои во болниците давале крв за да им се помогне на повредените.

Сомалискиот министер за информации, Абдирахман Јарисоу го осуди „ужасниот напад на терористите“, обвинувајќи ја за тоа екстремистичката група Ал Шабаб.

Се уште никој нема преземено одговорност за нападот, но групата Ал Шабаб често извршува бомбашки напади во Сомалија.

Би можело да ве интересира

Вооружени мажи киднапираа брод кај Сомалија, судбината на екипажот е непозната

Двајца американски морнари исчезнаа во близина на брегот на Сомалија

Насилство и вооружени конфликти во Сомалија, најмалку 36 мртви

Деца во Сомалија играле со граната што експлодирала, над 25 мртви

Ана Ололовска

Ал Шабаб првпат побара преговори со сомалиската Влада

Ана Ололовска

Американската армија убила шест милитанти на Ал Шабаб во Сомалија