Путин: Мора заедно да се бориме против тероризмот

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин вечерва во говорот на отворањето на 137 Собрание на Интерпарламентарната унија (ИПУ) во Санкт Петербург изјави дека заедничките напори се клучни во борбата против тероризмот.

– Уверени сме дека мора да се бориме против тероризмот без двојни стандарди, без скриени агенди, без користење на радикали поради чии било политички интереси, но дефинитивно со здружени напори, заедно, наведе Путин.

Тој додаде дека Москва повторно упатила барање за создавање на широка меѓународна коалиција.

Руската новинска агенција ТАСС објави дека Путин по отворањето на Собрание на ИПУ имал краток разговор со претседателот на иранскиот Парламент, Али Лариџани.

Претседателот на САД, Доналд Трамп вчера одби да потврди дека Иран постапува во согласност со нуклеарниот договор од 2015 година и предупреди дека ќе го укине.

Лариџани пред изјавата на Трамп изјави дека каков било чекор од САД против нуклеарниот договор со Иран би било навреда на сметка на Обединети нации.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Авион се запали при слетување во Анталија, сите 79 патници се безбедно евакуирани

А1он

Доколку Сеул му испорача оружје на Киев, ќе следи одговор на Москва, велат од руското МНР

А1он

Уништени повеќе од десет руски дронови кои ноќеска го нападнаа Киев

А1он

Путин потпиша нов закон, простени долгови секому што ќе се пријави да оди во војна

Москва не го признава Меѓународниот кривичен суд, реакција по налогот за апсење на Нетанјаху

Катерина Ѓуровски

„Шпигел“: Путин се заканува со нови напади