Четиринаесетта крводарителска акција на Фондацијата Аполонија

Од:

Фондацијата Аполонија по 14-ти пат заедно со болницата во Гевгелија и со Црвениот крст организираше успешна крводарителска акција. Оваа хумана акција фондацијата ја организира два пати во годината од 2010-тата наваму.

Бројот на крводарители расте од година во година, а на последната акција имало 46 крводарувања. Освен вработените од фирмата Корона, која е соптвеник на фондацијата овој пат во акцијата се вклучија и вработени од други локални фирми, како и граѓани кои стануваат редовни крводарители.

„Во рамките на своите определби за постојано поддржување и помагање на активности кои се дел од целокупното живеење на нашата локална, а и поширока заедница, Фондацијата Аполонија се вклучи и во остварувањето на едно од најблагородните човекови дејствувања – крводарителството. Секоја следна акција ни е се помасовно поддржана што ни дава право да опстоиме во идејата за хуман град“- потенцираат во фондацијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Спречени двајца функционери на ДПМНЕ да објавуваат две функции паралелно

38-годишен маж од Гевгелија е пронајден мртов во семејниот дом

Во сообраќајка кај Гевгелија загина 19-годишник

А1он

Гевгеличанец лажел дека е полицаец и дека е роднина на повреден од Кочани

Возач на Итна помош истепал лекар во Гевгелија

Струмичанец им се заканувал на полицајци, а потоа искршил заштитно стакло