Велика Британија го обвинува Иран за кибер-напади врз нејзиниот Парламент, пишува весникот „Дејли телеграф“. Хакерските напади датираат од 24 јуни.
Тогаш, „Тајмс“ пишуваше дека, на сајт на руски јазик биле наведе лозинките за отворање на електронската пошта на британски министри и пратеници.
„Дејли телеграф“ наведе, дека британското разузнавање добило информации дека хакерските напади се извршени од Иран.
Експертите претпоставуваат, дека кибер-нападите можеби се дело на Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ), поради саботирањето на меѓународниот договор за иранската нуклеарна програма.
Синоќа, претседателот на САД Доналд Трамп одби да потврди дека Иран постапува во согласност со нуклеарниот договор од 2015 година и најави дополнителни санкции за ИРГЦ, најелитната иранска воена сила.
Британската телевизија „Скај њуз“ јави дека, хакерите можно е да имаат пристап до околу 90 електронски пошти од мрежата на британскиот Парламент.