МВР апелира до партиите и граѓаните да се почитуваат изборните правила и најавуваат дека нема да толерираат однесување спротивно на закон

Од:

Министерствотo за внатрешни работи апелира до политичките партии и нивните симпатизери да ги почитуваат изборните правила, да се воздржуваат од какви било нарушувања на јавниот ред и мир, бидејќи секакво однесување спротивно на законите МВР нема да го толерира. МВР ќе превземе се што е потребно во недела, 15. октомври, граѓаните непречено и мирно да го искористат своето уставно право на слободно изјаснување на својата политичка волја.

Министерството за внатрешни работи во изминатите неколку недели презеде низа мерки и активности во насока на максимално обезбедување на мирни, фер и демократски избори во Република Македонија. Исто така во рамки на сите организациони единици коишто непосредно ќе бидат ангажирани во обезбедувањето на изборниот процес согласно законските обврски и надлежности, а во тесна соработка со мисијата на ОБСЕ во Република Македонија, завршена е обуката на полициските службеници, изготвени се програми и планови за работа и следење на текот на изборите коишто ќе бидат координирани од посебен оперативен штаб на ниво на министерството, како од аспект на јавниот ред и мир, така и од аспект на спроведување на нормите од изборното законодавство.

Министерството за внатрешни работи во најкус можен рок ги расчисти сите изолирани инциденти кои се случија во предизборната кампања, а на ист енергичен начин ќе се постапува и во преостанатиот период, како и на самиот ден на изборите. Потенцираме дека е забрането било какво учество на полициските службеници во политичка пропаганда за било која од политичките партии, бидејќи тие треба да бидат во служба на граѓаните, а не во служба на политичките партии. Внатрешната контрола на МВР веднаш ќе реагира во било каков случај каде има индиции за злоупотреба од страна на полициски службеник.

Би можело да ве интересира

Од 16 уапсени за безобѕирно возење, деветмина се без положен возачки испит

А1он

Сообраќајот на Табановце се одвива без задржувања, казните за сообраќајни прекршоци странците ги плаќаат онлајн, информира МВР

И полски државјанин заврши со лисици на рацете на „Табановце“ – возел двојно побрзо од дозволеното

А1он

Уапсени се 11 возачи за безобѕирно возење

А1он

МВР со предупредување: Дроновите да се приземјат веднаш при појава на полициски хеликоптер

Горан Наумовски

Градоначалник на Брвеница ќе се избира на 18 октомври, Гаши ја потпиша одлуката