Одбојкарска Лига на нации од следната 2018 година ќе ги замени Гран При и Светска лига, соопшти претседателот на Меѓународната одбојкарска федерација (ФИВБ) Ари Граса да Силва Фиљо на свеченост по повод 70 години од основањето на ФИВБ во Париз.
Во конкуренција на одбојкарки, „постојани членови“ на Лигата на нации се Бразил, Италија, САД, Кина, Холандија, Тајланд, Србија, Турција, Кореја, Германија, Јапонија и Русија, додека Аргентина, Доминиканска Република, Полска и Белгија се селекции „предизвикувачи“ односно репрезентации кои не се постојани членови на Лигата.
Во конкуренција на одбојкари, „постојани членови“ се Бразил Италија, САД, Кина, Србија. Франција, Аргентина, Иран, Полска, Германија, Јапонија и Русија, а „предизвикувачи се Австралија, Кореја, Канада и Бугарија. Претседателот на ФИВБ најави наскоро и формирање „втора“ Лига на нации односно Лига на предизвикувачи.