Се судрија автобуси, автомобили, комбе, камион, минибус кај Куманово

Од:

Осум возила учествувале во тешка сообраќајна несреќа која се случила утрово околу 7.30 часот на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, на седмиот километар од Куманово.

Според првичните информции на кумановската полиција, во сообраќajката првo се судриле две патнички возила, што предизвикало вержен судир во кој учествувал уште едно патничко возило, минибус и две товарни возила.

Кумановската полиција соопштува дека едно лице е тешко повредено, но е надвор од животна опасност. Според првичните информации на магистралниот пат имало густа магла и голомразица. Увидот на полицијата се уште трае и се очекуваат дополнителни информации во текот на денот.

Би можело да ве интересира

Несреќа на патот Прилеп-Битола, загина 49-годишен маж

Пијан скопјанец возел автомобил, па удрил во паркиран „голф“

Три сообраќајки вчера во Тиквешијата

Тешка сообраќајка во Србија: Загина дете, неколкумина се тешко повредени

Најмалку 15 студенти загинаа во сообраќајна несреќа во Малезија

Во несреќен случај загина момче откако со мотоцикл удри во бетонски столб