На Европа и се заканува ураганот Офелија

Од:

Ураганот Офелија, кој неодамна беше формирана над Атлантикот, а вчера прерасна во ураган од прва категорија, може да погоди делови од Европа.

Американсата специјализирана телевизија за временска прогноза „Канал за време“, јави дека Офелија би можела уште овој викенд да стигне до португалските Азорски Острови, а потоа, според сегашните прогнози, би требало да дојде до Ирска.

– Офелија е веќе десетата бура оваа сезона во Атлантикот, која добила име, што не се случило од 1893 година, изјави метеорологот Фил Клоцбах, експерт за тропски бури кој работи на Универзитетот во Колорадо.

Исто така, Офелја најверојатно ќе биде само 15-ти регистриран ураган кој стигнал до Азорските Острови од 1851 година.

Американскиот Национален центар за урагани прогнозира дека Офелија до понеделник, патувајќи бавно кон североисток, западно од Пиринејскиот Полуостров ќе стане пост-тропски циклон, но сепак може да развива урагански ветрови.

Жариштето на бурата би требало да остане далеку од копното, но нејзините рабови, токму кога ќе преминува од тропска бура во пост-тропски циклон, ќе донесат силен ветар и пороен дожд на западниот брег на Шпанија и Португалија.

Тоа досега, откако се вршат мерења, е регистрирано само двапати – во октомври 1842 и во октомври 2005 година, кога двете држави ги погодија остатоците од ураганот Винс, кој потоа стана тропска депресија.

Британскиот метеоролошки институт, преку Метеоалармот веќе издаде жолти предупредувања поради силниот ветер што се очекува во Шкотска, Велс и западна Англија. Метеоролозите во Ирска, исто така, издадоа жолти предупредувања за целата држава.

Би можело да ве интересира

Лавров: Ефектот на „вакцината“ против нацистичкиот „вирус“ на Запад е значително ослабен

Аракчи најави можност за почеток на преговори меѓу Иран и Европа

Трамп: Европа ќе плати висока цена за недоволниот увоз на производи од САД

ВМРО-ДПМНЕ: СДС на патот на Македонија кон Брисел испорача само селфи и лаги

Едно од најголемите вселенски летала на НАСА тргнува на патување од 2,9 милијарди километри

Предраг Петровиќ

Милиони загрозени, се повеќе настрадани во Флорида

Предраг Петровиќ