Одбојкарската репрезентација на Македонија денеска ги доби противниците од квалификациите за Европското првенство 2019 година. Нашата селекција се наоѓа во групата Ф, а по одредувањето на групите ЦЕВ (Европската одбојкарска федерација) го објави и распоредот на натпреварите. Македонија на стартот ќе гостува во Унгарија, а во последното коло е домаќин на истата селекција.
Распоред на натпреварите:
1.коло: Унгарија – Македонија (15 август 2018)
2.коло: Македонија – Украина (18-19 август 2018)
3.коло: Македонија – Швајцарија (22 август 2018)
4.коло: Швајцарија – Македонија (25-26 август 2018)
5.коло: Украина – Македонија (5-6 јануари 2019)
6.коло: Македонија – Унгарија (9 јануари 2019)
На Европското првенство ќе играат 24 репрезентации, а 12 се веќе познати: Франција, Словенија, Белгија и Холандија (ко-домаќини), Русија, Германија, Србија, Италија, Бугарија, Чешка, Полска и Турција (според рејтинг).
Другите 12 ќе бидат седумте првопласирани од групите, како и петте најдобро второпласирани.