Египетските власти ја продолжија вонредната состојба за уште три месеци, по првичното воведување во април, по атентатите во црквите, каде имаше десетици загинати.
Претседателот Абдел Фатах Сиси издаде указ за продолжување на вонредната состојба, откако завчера истече претходниоот рок.
Според весникот „Ахрам“, новиот, трет по ред, тримесечен рок започнува од утре.
Во април Сиси прогласи вонредна состојба по нападите во две цркви, при што загинаа најмалку 46 лица. Одговорноста за нападите ја презеде групата Исламска држава.