ЕФЈ испраќа мисија во Србија поради состојбата со медиумите

Од:

Управниот одбор на Европската федерација на новинари (ЕФЈ) одлучи да испрати меѓународна мисија во Србија со цел да се преземат мерки за подобрување на состојбата во медиумите, која е влошена во последните години.

– ЕФЈ ги повика Советот на Европа и ОБСЕ за овој проблем да продолжат да вршат притисок врз владата на Александар Вучиќ, соопшти денеска Независното здружение на новинари на Србија (НУНС).

НУНС ова го објави, повикувајќи се на најавата на најголемата европска новинарска организација, која претставува повеќе од 320.000 новинари во 71 организација од 43 земји во Европа.

– Критичарите велат дека западните официјални претставници ги затвораат очите пред задушувањето на демократските слободи во Србија од страна на Вучиќ. По повод предупредувањето за „медиумски мрак” во Србија, врз основа на притисоците на Александар Вучиќ во медиумите, Управниот одбор на ЕФЈ одржа состанок на 9 октомври во Брисел на кој се разговарало за тоа како е најдобро новинарите да се спротивстават на притисокот и да ги координираат своите активности на меѓународно и европско ниво, се наведува во соопштението на НУНС.

Би можело да ве интересира

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор

Втор ден од собирот „Не ја даваме Србија“

А1он