Апостолска-Тимоние: Помирувањето на земјите на Балканот, можност за нови француски инвестиции

Од:

Регионалното помирување на Балканот е позитивен сигнал за француските компании да го возобноват интересот, својот капитал да го насочат и инвестираат во регионот, вклучително и во Македонија, потенцирал францускиот амбасадор во Македонија Кристиан Тимоние на денешната средба со министерката задолжена за странски инвестиции Зорица Апостолска.

Притоа, тој изразил интерес за стратегијата што ја има Владата во пристапот за привлекување странски инвестиции.

На средбата, како што соопштија од кабинетот на Апостолска, биле разгледани можностите за унапредување и натамошно интензивирање на економската соработка и трговија помеѓу Македонија и Франција.

Министерката Апостолска се осврнала на Планот за економски раст на Владата и притоа истакнала дека во привлекувањето нови инвестиции ќе бидат понудени подеднакви можности за домашните и странски компании да добиваат бенефиции од државата, притоа нагласувајќи дека една од целите ќе биде и воспоставувањето трајна деловна соработка помеѓу нив.

Потенцирајќи ја транспарентноста на процесот таа го информирала амбасадорот дека во стратегијата за привлекување странски инвестиции се предвидува рационализација на целокупниот процес со активирање на потенцијалот на економската дипломатска мрежа за промовирање на инвестициските потенцијали на Република Македонија.

– Владата ќе продолжи со економска промоција на земјата преку воспоставување на ефикасен систем, со јакнење на дипломатските претставништва и структурирана трансформација на досегашниот гломазен административен апарат, истакнала Апостолска.

На средбата станало збор и за можноста за формирање на француско-македонска стопанска комора, како форма на организирано поврзување на француски и македонски компании, а со цел интензивирање и продлабочување на бизнис релациите помеѓу двете земји.

Би можело да ве интересира

Бугарската влада предводена од премиерот Росен Железков поднесе оставка

Нови лица во Владата и партијата – Мицкоски најави серија кадровски потези

Владата бара разрешување на државниот обвинител Коцевски

Горан Наумовски

СДСМ: Нема бегање Томовски, фактите се јасни, потврдени со документи и јавно објавени

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски започна реконструкцијата на Владата, вчера зборуваше повторно за избори

Горан Наумовски

Бекам Сали и Мухамед Хоџа нови министри, Муртезани ја напушта владата

Горан Наумовски