Министерот Ќахил се сретна со францускиот амбасадор Тимоние

Од:

Продлабочување на соработката во доменот на странски инвестиции и значењето на локалните избори за политичката и економската стабилност на земјава биле теми на разговор на денешната средба во Скопје меѓу министерот за странски инвестиции Аднан Ќахил и амбасадорот на Република Франција во Република Македонија, Кристијан Тимоние.

Амбасадорот Тимоние, информираат од Кабинетот на Ќахил, пренесе честитки до министерот задолжен за странски инвестиции и му посака многу успех во работата. Тој ја укажа важната улога на странските инвестиции во Република Македонија, потенцирајки дека неговата посета содржи иницијатива за развивање на соработка помеѓу Република Франција и Република Македонија.

Тимоние додаде дека престојните локални избори имаат големо значење за политичката и економската стабилност во Република Македонија, што е клучен фактор за интересот кај странските инвеститори.

– Мора да признаам дека во последните години интересот кај француските компании беше значително намален, но со последните промени во политичката сцена на државата, почнува да се чувствува дека интересот заживува. Компаниите даваат големо значење на големината на пазарот и регионалната економска стабилност. Пораките што ги праќа новата влада предводена од Зоран Заев, упатуваат на отвореност и подобрување на условите за странските инвеститори, изјави Тимоние.

Министерот Ќахил го информираше амбасадорот за новиот пакет мерки за економски раст и ја истакна важноста на концептот за политичка и економска стабилност како основа за привлекување на странските инвеститори.

– Општите принципи за доделување на државна помош нема да бидат променети, како ослободување од одредени даноци, градење инфраструктура и така натаму. Она што го променивме е изедначувањето на странските и домашните комании, како и пристапот за одредување на субвенциите. Мерките кои за кратко време ќе бидат во финална форма, ќе бидат транспарентни, со што секој инвеститор ќе може да ја пресмета државната помош што му следува. За држава која се стреми кон членството во Европската унија, недозволиво е да не се овозможи прецизност, избалансираност и транспарентност при доделувањето. Новата Влада знае дека тоа е основ при воспоставувањето на релациите помеѓу државата и бизнис заедницата, рече Ќахил.

Тој му се заблагодари на амбасадорот Тимоние и го увери дека верува во продлабочување и подобрување на соработката во доменот на странските инвестиции.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски