Најдобриот кошаркар на Кливленд Кавалирс, Леброн Џејмс поради повреда на глуждот на левата нога, може да го пропушти почетокот на новата сезона во НБА лигата.
– Џејмс се повреди во вторникот на контролниот натпревар со Чикаго Булс. Поради повредата тој вчера не тренираше, исто така и денес ќе ги пропушти тренинзите, додека утре нема да игра на пријателскиот натпревар со Орландо Меџик, соопштија од клубот.
Првиот натпревар на Кливленд од новата сезона е во вторник, кога ќе биде домаќин на Бостон Селтикс.