ВИДЕО: Путин доби подарок куче од претседателот на Туркменистан

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин е познат љубител на кучиња, а како подарок за роденден денеска доби куче од претседателот на Туркменистан на нивната средба.

– Имаме заеднички пријател, а тоа е уникатното куче алабаи. Денеска ви донесов едно мало алабаи, му рече претседателот на Туркменистан, Курбангули Бердимукамедов.

Путин, кој на 7. октомври го прослави својот 65. роденден одлучи кучето да го вика Верни (верен).

Би можело да ве интересира

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Путин: Рускиот БДП би можел да порасне за повеќе од три отсто до крајот на годината

„Волстрит журнал“: Путин не наредил ликвидација на неговиот политички ривал Навални

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија