„Средба на генерациите“ во Битола

Од:

Општинската организација на Сојузот на борци-Битола денес беше домаќин и организатор на националната манифестација „Средба на генерациите“ посветена на празникот 11 октомври.

Годинава на собирот во Битола учествуваа дваесеттина општински организации на Сојуз на борци од исто толку градови во Македонија, кои се потсетија и потсетија на значењето на големиот празник – 11 октомври, истакна Александар Трајковски, претседател на ОО на Сојуз на борци-Битола.

-Секогаш на овој голем празник ја одржуваме манифестацијата „Средба на генерациите“ со присуство учесници од Народноослободителната и антифашистичка борба на македонскиот народ. Денешниов ден е голем ден, ден кога започна востанието на македонскиот народ против окупаторите. Битола има големо и важно учество во народноослободителната револуција. На територијата на Битола и Битолско беа формирани три партизански одреди „Пелистер“, „Даме Груев“ и „Јане Сандански“ кои одиграа голема улога против фашистичката окупација, а по нападот на полициската станица во битолското село Кажани, окупаторската полиција притвори 500 граѓани од Битола, од нив 50 беа осудени на смрт, а многумина на казна доживотен затвор. Тоа значи дека македонскиот народ со жртви ја платил слободата за македонскиот народ. За оваа денешна слобода дадени се 25.000 жртви, истакна меѓудругото Александар Трајковски, претседател на ОО на Сојуз на борци-Битола.

На собирот „Средба на генерациите“ во Битола говор одржа и Вера Бунтевска. Сите учесници воедно положија цвеќе пред Споменикот на Народноослободителната војна на плоштадот „Гоце Делчев“ во Битола.

Би можело да ве интересира

Јубилеј во Битола – 80 години од првиот наставен час на современ македонски јазик

Сообраќајка во Битола, тешко повреден 52-годишен маж

Во Битола отворена изложба за Светскиот ден за едукација за заштита на животната средина

А1он

Два дена по ред Битола е најзагаден град во Македонија

Утринава најстудено во Битола -4 степени, најмногу снег на Попова Шапка

Инцидент во детска градинка во Битола