Македонија сместена во Д-групата во Лигата на нации

Од:

Како што се очекуваше, фудбалската репрезентација на Македонија се најде во четвртата по ранг група од новото натпреварување на УЕФА, Лигата на нациите кое ќе стартува во септември 2018 година.

Покрај Македонија во оваа група се и репрезентациите на : Азербејџан, Белорусија, Грузија, Ерменија, Летонија, Фарските Острови, Луксембург, Казахстан, Молдавија, Лихтенштајн, Малта, Андора, Косово, Сан Марино и Гибралтар.

Во елитната А-група се најдобрите европски селекции: Германија, Португалија, Белгија, Шпанија, Франција, Англија, Швајцарија, Италија, Полска, Исланд, Хрватска и Холандија.

Втората по квалитет група (Б-група) се состои од 12 учесници: Австрија, Велс, Русија, Словачка, Шведска, Украина, Ирска, Босна и Херцеговина, Северна Ирска, Данска, Чешка и Турција.

Третата група (Ц-група) ја сочинуваат: Србија, Унгарија, Романија, Шкотска, Словенија, Грција, Албанија, Норвешка, Црна Гора, Израел, Бугарија, Финска, Кипар, Естонија и Литванија.

Во новото натпреварување ќе учествуваат 55 национални тимови. Во секоја група ќе има по четири подгрупи. Најдобрите од подгрупите одат ранг погоре, а најслабо пласираните се селат во група со послаб ранг.

Четирите најдобро пласирани екипи од секоја група кои не се квалификувале на ЕП 2020 ќе играат бараж, а победникот ќе обезбеди место на континенталното натпреварување.

Би можело да ве интересира

Шурбатовиќ: ФСС ќе бара од УЕФА најстроги можни казни за извикувањето „Убиј го Србинот“

УЕФА му ја зема акредитација на новинарот Садику поради провокација

УЕФА ја казни Албанија

Чеферин нема повторно да се кандидира за функцијата претседател на УЕФА

Хаос во европскиот фудбал: Клубовите пуштаат еден по еден деманти

Предраг Петровиќ

УЕФА: Израелските фудбалери ќе играат против Исланд во Будимпешта