Димитров на министерскиот состанок на земјите од Вишеградската група и Западен Балкан

Од:

На покана на министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија Петер Сијарто, министерот за надворешни работи Никола Димитров утре, во Будимпешта ќе учествува на Министерскиот состанок на земјите од Вишеградската група и земјите од Западен Балкан.

Вишеградската група – В4, која ја сочинуваат Полска, Чешка, Словачка и Унгарија, е традиционален поддржувач на европската перспектива на Балканот. Тоа се потврдува и со одржувањето на редовни есенски состаноци на министрите за надворешни работи во формат В4 и Западен Балкан.

Годинешниот состанок во Будимпешта се одржува во рамките на Унгарското претседателство со Вишеградската група, а исто така се поканети да учествуваат и министрите за надворешни работи на Естонија, Романија и Словенија.

Централна тема на состанокот е евроинтеграцијата на земјите од Западен Балкан.

Би можело да ве интересира

Кој е Петер Маѓар, новиот премиер на Унгарија?

А1он

Падна Виктор Орбан, голема победа за Петер Маѓар

Катерина Ѓуровски

Орбан убедливо губи, покажува истражување

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се појави снимка, се тврди дека докажува изборна измама на владеачката Фидес во Унгарија

Огромна излезеност на изборите во Унгарија, се огласи Орбан

Собраниска делегација учествува во набљудување на изборите во Унгарија