Грците ќе можат да го сменат полот со изјава на суд

Од:

Грчките пратеници денеска усвоија контроверзен закон, кој им овозможува на граѓаните да го менуваат полот наведен во нивните лични документи. Овој потег ги зголеми политичките тензии, но транссексуалната заедница го поздрави како важен чекор напред.

Спорот околу новиот закон и несогласувањето на неколку пратеници од партиите во коалициската Влада, предизвикаа стравувања дека власта, која има тенко мнозинство во Парламентот од 300 места, нема да може да го гарантира усвојување на законот.

Посебен проблем претставува член од законот со кој се проширува овластувањето да се промени полот наведен во официјалните документи на адолесцентите од 15 години.

Досега, оние кои сакаа да го сменат полот, кој официјално ги дефинира, мораа да се оперираат и да одат на психијатриски преглед. Според новиот закон, промените можат да се направат со едноставна изјава пред судот.

Пратениците на помалиот коалициски партнер, десничарската партија Независни Грци, изразија загриженост за предлог-законот, а особено членот со кој право на промена на полот им се дава на 15-годишниците.

Премиерот Алексис Ципрас рече дека законот е прашање на давање основни човекови права на дел од општеството што е предолго маргинализиран.

Би можело да ве интересира

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија

Маринакис: Очекуваме да го видиме ставот на новата Влада на Северна Македонија

Македонско – грчките односи и понатаму во фокусот на медиумите во Грција

Полицијата упадна на Правниот факултет во Атина, уапси 28 лица