Бертомеу: Играчите да бидат слободни во изборот дали ќе одговорат на репрезентативниот повик

Од:

Претседателот на кошаркарската Евролига Жорди Бертомеу, уште еднаш ги повика националните федерации да не им се закануваат на играчите со санкции доколку не одговорат на репрезентативен повик.

– Играчите се тие кои ќе одлучат дали да се приклучат на своите национални тимови. Од наша страна имаат целосна слобода во изборот. Ние мора да ги почитуваме нивните одлуки. Истото треба да важи и за федерациите кои не можам да ги разберам како можат да се согласат да играат со втор или трет тим. Замислете ја на пример Шпанија без Марк Гасол, Пау Гасол, Рики Рубио,… изјави Бертому.

Конфликтот меѓу ФИБА и Евролига се појави со објавување на т.н. прозорци за квалификациите.

Според ФИБА играчите ќе имаат доволно време да се стават на располагање на репрезентациите, додека од Евролигата се противат на новиот распоред и порачуваат дека тој не им нуди доволно време на кошаркарите од елитното натпреварување, како и од НБА тимовите, да настапат за своите национални тимови.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос