Грчкиот главен град Атина ги изненади своите жители и гости во првиот ден од новата година со 24-часовен штрајк на метрото.
Вработените во метрото штрајкуваат поради новите намалувања на платите и мерките за штедење.
Штрајкувачите се незадоволни бидејќи нивните плати се споредуваат со оние на останатите службеници во секторот за јавни услуги.