Најмалку седум лица се убиени денеска при напад на припадници на сомалиската исламистичка група Ал Шабаб врз полициска станица во автономната област Пунтланд, соопшти локланата полицијата.
Според полицијата, при нападот се убиени се тројца полицајци и четворица цивили, а уште 13 лица се повредени.
Ал Шабаб од своја страна соопшти дека при нападот нејзините борци убиле седум и раниле 11 војници.
Исламистичкото движење е поврзано на терористичката мрежа Ал Каеда.
Во Пунтланд, покрај Ал Шабаб, дејствува и фракција која е поврзана со џихадиситчката група Исламска Држава (ИД).