Бесими: Во 2013 година Македонија да прави уште поголеми чекори кон евроатлантските интеграции

Од:

Министерот за одбрана Фатмир Бесими денеска преку видео-врска им ја честита Новата 2013 година на македонските мировници во мисиите ИСАФ во Авганистан, Алтеа во Босна и Херцеговина и Унифил во Либан, како и на сите граѓани на Република Македонија посакувајќи им среќа, успех, просперитет и мир.

Војниците во трите мировни мисии, им порачаа на министерот Бесими и присутниот генерал Димче Петревски дека се во одлична здравствена состојба, моралот и нивната подготвенсот се на највисоко ниво и ќе продолжат професионално и беспрекорно да ги извршуваат нивните задачи.

– АРМ како модерна армија делува во свет на глобализација каде границите се мерат преку вредностите кои се заеднички. Границите кои ги штити и кои ги брани АРМ се мирот, стабилноста и демократијата, рече министерот Бесими.

Новогодишната желба на министерот Бесими е 2013 година да биде година на мир и стабилност, година на меѓусебно почитување.

– Посакувам Република Македонија да прави уште поголеми чекори напред кон евроатлантските интеграции, истакна министерот за одбрана Бесими.

На новинарско прашање како Македонија ќе учествува во мировната мисија во Авганистан по 2014 година, министерот Бесими потенцира дека веќе НАТО ги прави подготовките за моделот на продолжување на мисијата, а Македонија ќе продолжи да го дава придонесот по завршувањето на ИСАФ.

– Се уште има време да се одредени начинот каков ќе биде придонесот, но Македонија ќе продолжи со нејзиното присуство во Авганистан, истакна тој.

За иницијативата за враќање на регрутниот состав во Македонија, министерот Бесими дециден дека за каква било промена во таа насока мора да се направи длабока анализа и политичка проценка, како и претходни консултации со НАТО.

– Засега нема анализа во МО која би препорачала таква промена во ссотавот на АРМ. Тоа е крупна промена за која одлучуваат граѓаните преку Собранието. Мораме како држава да бидеме конзистентни во однос на реформите кои ги правиме за членството во НАТО, појасни Бесими. Тој додаде оти Македонија е меѓу првите земји во регионот која во 2006 година го напушти задолжителното служење воениот рок и е воведен систем на професионална армија, што досега се покажал како успешен и е високо оценет од НАТО. Според Бесими, и сега постои регрутниот систем во АРМ, но тој е, подвлече, на доброволна основа, така што секој професионален војник што треба да се вработи во Армијата, задолжително треба да има го има поминато регрутниот систем.

Во мисијата ИСАФ во командата на НАТО во Кабул, во моментот се наоѓаат 150 македонски војници, додека 9 се лоцирани во Мазар ел Шариф. Во „Алтеа“ е медицинскиот тим составен од 10 лица, а во мисијата Унифил во Либар имаме еден претставник од АРМ.

Би можело да ве интересира

Независниот синдикат на професионални војници поднесе кривична пријава против Славјанка Петровска

Катерина Ѓуровски

Уставниот суд ја укина забраната за вршење верски обреди во објектите на македонската армија

А1он

Сиљановска – Давкова: Најсилната страна на Армијата е човечкиот капитал

Раскинат е договорот со фирмата што ја снабдуваше АРМ со храна, по труењето на 60 војници

Мисијата на ОН во Либан во која има и македонски офицери го одби барањето на Израел да напушти дел од позициите

Катерина Ѓуровски

Оброците за АРМ се 100% исправни, соопшти фирмата која ја подготвува храната