Во новогодишната ноќ околу 30 алкохолизирани пациенти, едно починато во сообраќајка

Од:

Во новогодишната ноќ на скопските клиники примени се 29 пациенти во алкохолизирана состојба, од кои најмладите се на 14 и 15 годишна возраст. Укажана им е лекарска помош и на повредени од петарди, тепачки и во сообраќајни несреќи.

На Клиниката за токсикологија прегледани се вкупно 42 пациенти, од кои 29 со труење од алкохол. Девет пациенти се донесени во тешка состојба, а една пациентка од нив направила комбинација од алкохол и енергетски пијалок. Третирана е до раните утрински часови и пуштена на домашно лекување. Доминираат пациенти од 14 до 20 годишна возраст.

– Сите пациенти се успешно третирани, згрижени и во текот на ноќта по ординираната терапија се пуштени на домашно лекување, изјави директорот на Клиниката за токсикологија, Антон Чибишев.

Едно лице починало во сообраќајна несреќа што се случила во Автокоманда, а на Клиниката за детски болести е хоспитализирано двегодишно дете затруено со антидепресив „хелекс“.

Би можело да ве интересира

Тешка сообраќајна несреќа кај Камењане, осум лица повредени

Тројца повредени во сообраќајка на патот село Караорман – Штип

Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на регионалниот пат село Караорман – Штип

Петмина повредени во сообраќајка на автопатот Скопје – Велес

Струмичанец e тешко повреден во несреќа кај кавадаречкото село Марена

Горан Наумовски

Две лица повредени во сообраќајна несреќа на скопската обиколница