Петти атлетски митинг во Куманово

Од:

Атлетичари од Македонија, од спортски клубови, поединци и вљубеници во атлетиката, учествуваа на петтиот по ред атлетски митинг, кој се одржа денеска, на атлетскиот полигон кај средното училиште „Наце Буѓони“ во Куманово.

Приближно 100 учесници се натпреваруваа во 17 дисциплини на митингот кој по повод 11 Октомври го организира Атлектскиот Клуб Куманово, со поддршка на Општинскиот сојуз на спортови.

Филип Колевски, тренер на Атлетски куб „ Куманово“, рече дека за прв пат годинава, оваа спортска манифестација имаше меѓународен карактер бидејќи учествуваа и атлетичари од Бугарија.

– Овој Атлетски митинг има убава традиција, не посетуваат повеќето клубови од Македонија, имаме и програма за основните училишта, за деца што не тренираат атлетика, да дојдат да видат како изгледа една трка, изјави Колевски.

Манифестацијата се одржува под покровителство на Сојузот на спортови на град Куманово.

Претседателот на општинскиот сојуз на спортови Сашо Петрушевски, најави дека и понатаму ќе даваат поддршка во сите сфери, и логистичка и финансиска на овие клубови.

– Според можностите и според програмата на Општина Куманово и Советот мислам дека атлетиката, ќе си го заземе своето место и гледате самите дека се поголем број млади луѓе се заинтересирани за овој спорт, изјави Петрушевски.

Најдобрите учесници на атлетскиот митинг од сите категории освоија медали, благодарници за учество и пехари.

Би можело да ве интересира

Идната недела ќе се знае дали имало пропусти при породувањето на кумановката, новороденчето се уште на респиратор

Се утврдува причинaтa за смртта на родилката од Куманово, новороденчето e на скопските клиники

Горан Наумовски

31-годишна родилка почина во Општата болница во Куманово

Горан Наумовски

Полицијата уапси кумановец поради предизвикување пожар

Изгаснат е пожарот во стан од зграда во централното градско подрачје во Куманово

ВИДЕО: Невреме во Куманово, делови без струја, паднати покриви, одрони