Неколкумина загинати и голем број повредени при експлозија на танкер во Гана

Од:

Неколку лица загинаа, а многумина се повредени вчера при експлозија на станица за течен природен гас во Акра, главниот град на Гана, изјави владин претставник.

– За жал има неколку смртни случаи и ние работиме за да го утврдиме нивниот број, истакна заменик министерот за информации на Гана, Коџо Опонг Нкрума.

Тој додаде дека има и голем број повредени, а пожарот е веќе ставен под контрола.

Неколкумина очевидци тврдат дека преброиле четворица или петмина загинати.

Портпаролот на националната пожарникарска служба во земјата, Били Енглејт изјави дека пожар на танкер предизвикал експлозија на бензиска станица. Енглејт нагласи дека засега не е позната причината за пожарот.

– Ќе истражиме. Има и возила кои исто така изгореле при експлозијата, истакна Енглејт.

Пожарникарски екипи и амбулантни возила веднаш пристигнале на местото на инцидентот.

Градските власти ги предупредиле луѓето да го избегнуваат тоа подрачје, во кое се наоѓа и универзитетски кампус.

Би можело да ве интересира

Кардинал од Гана почина три месеци по неговото назначување

А1он

Циркус: Гана без опрема стигна во Катар

Случаи на опасниот марбуршки вирус откриени во Гана

Голема експлозија во рударскиот регион во Гана, има загинати и урнати стотици објекти

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тепачка во Парламентот на Гана

Ана Ололовска

Најмалку 80 делфини најдени угинати на брегот на Гана