Охридското езеро е 5цм над котата на УХМР и 12цм над важечката кота на Министерството за животна средина

Од:

АД ЕЛЕМ ја информира јавноста дека нивото на водата во Охридското езеро изнесува 693,22, според мерењето што официјално го врши подружницата на АД ЕЛЕМ, ХЕС Црн Дрим, на мерното место во близина на истекот на Охридско Езеро во реката Црн Дрим, кај градското пливалиште во Струга.

„Ова ниво е за 5 центиметри над котата 693,17, која УХМР ја зема како минимална, додека пак минималната кота која е пропишана од Министерството за животна средина во 1980г, како упатство за АД ЕЛЕМ при производството на електрична енергија, а која до денес не е променета, е 693.10.

Водата која АД ЕЛЕМ ја испушта од Охридското езеро во реката Црн Дрим е минималната пропишана со закон која треба да обезбеди услови за живиот свет во реката. Двете хидроелектрани на АД ЕЛЕМ по течението на Црн Дрим работат само на минималниот доток на вода во реката и не се испуштаат дополнителни количини вода за производство на електрична енергија.

Подолго време наназад во Црн Дрим се испуштаат само 3,5 кубни метри во секунда, односно природниот истек со пречник од 25 метри е сведен на отвор од 2,5 метри, истек што задолжително мора да се обезбеди за одржување на биодиверзитетот во реката Црн Дрим.

Напоменуваме дека нивото на Охридското езеро приридно осцилира во текот на годината, без разлика дали низводно по Црн Дрим се произведува електрична енергија или не. Регулираното осцилирање кое се прави го следи природното, врз основа на водостопанска дозвола издадена од министерството за животна средина, според кој документ дозволено е осцилирање меѓу котите 693.10 и 693.75.

Уште еднаш нагласуваме дека АД ЕЛЕМ секојдневно вложува напори, согласно водостопанската дозвола, да одржи баланс, односно да ја одржи котата на Охридското езеро над минималната, а во исто време во Црн Дрим да испушта вода во количини кои се биолошки минимум“ се вели во соопштението на АД ЕЛЕМ.

Би можело да ве интересира

Зголемен ризик за загадување, прекумерен риболов и урбанизација на Охридскиот регион и езерото

Езерската полиција спасила две малолетни лица во водите на Охридското Езеро

Предраг Петровиќ

Маж од Неготино се удави во Охридското Езеро

Холанѓанец удрил во камен во Охридко езеро, пренесен е во болница

Анита Петровска Рајковиќ

Бојмацалиев: Со пет пловни објекти ја гарантираме безбедноста на границата и на Охридското Езеро

A1on

Автомобил излета во водите на Охридското Езеро кај Струга

Горан Наумовски